Фотографија објавена на јавниот профил на Црвен крст на град Скопје/City Red Cross of Skopje
Скопскиот маратон ќе се одржи утре, на 4 октомври.
Во медицинската поддршка ќе бидат вклучени 40 волонтери и стручни лица.
Црвениот крст ќе распореди 11 екипи со 11 возила.
Тријажен пункт и медицинска поддршка ќе има долж целата патека.
За Скопскиот маратон, закажан за утре, 4 октомври, Црвениот крст на град Скопје најави медицинска поддршка со 11 екипи и 11 возила, тријажен пункт и покриеност долж целата патека.
Во поддршката ќе бидат вклучени 40 волонтери, животоспасители, лекари, професионалци на Црвениот крст и членови на Тимот за одговор при катастрофи, објави Црвениот крст на град Скопје.
Екипите ќе бидат распоредени за да реагираат навреме и да обезбедат медицинска помош доколку биде потребна. Тријажниот пункт ќе служи за медицински интервенции, а поддршка ќе има долж целата патека.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.