Проекцијата ќе се одржи во соработка со Општина Кисела Вода. Кино Балкан – дистрибуција овозможило филмот да биде прикажан бесплатно.
На кино-вечерта ќе бидат присутни и дел од кучињата на „Лајка“. Посетителите ќе можат да изберат кученце од „Лајка јасли“ за друштво додека го гледаат филмот.
Заинтересираните да гледаат филм во друштво на куче од „Лајка“ се повикани да испратат порака. Од „Лајка“ ги повикуваат посетителите да понесат нешто удобно за седење и грицки за кучето.
Според постерот на „Лајка“, проекцијата е по повод Меѓународниот ден на животните.
Од „Лајка“ наведуваат дека дружењето можеби ќе биде почеток на пријателство и љубов, а можеби и на наоѓање иден дом за куче.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.