Најважно
Скопје 2°
Најважно
Локални вести
Редакција: Град СкопјеИспрати тема

Мени на Град Скопје

Редакција:Град СкопјеЛокални вести и информации
Испрати тема

„Чичко Кумплунг“ гостува во Драмскиот театар во Скопје

Извор на фотографијата: Министерство за култура и туризам
Извор на фотографијата: Министерство за култура и туризам
  • Настанот е во Драмскиот театар во Скопје, на 18 ноември во 20 часот.
  • Претставата на Театарот од Куманово го затвора циклусот гостувања по повод 80-годишнината на Драмски.

Претставата на Театарот од Куманово ќе се игра на 18 ноември во 20 часот на сцената „Ристо Стефановски“, во рамки на одбележувањето на 80-годишнината на Драмскиот театар.

„Чичко Кумплунг“ ќе ја затвори серијата гостувања на националните театри по повод јубилејот на Драмскиот театар во Скопје.

Претставата е во режија на Јани Бојаџи, според текст на Сашко Насев. Преку црна комедија и сатира ги обработува општествените и политичките состојби во Македонија, со фокус на транзицијата, семејните односи и општествените промени.

Во актерската екипа се Мирослав Петковиќ, Кети Дончевска-Илиќ, Давид Илиќ, Александра Михајловска-Величковски и други актери од кумановскиот театар. Јубилејната програма се одвива под мотото „Еден е Драмски!“. Во текот на годината во Драмски гостуваа националните театри од земјава.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.