На концертот гостуваа и етнофолк-составот „Седум осмини“ од Скопје и КУД „Ефрем Каранов“ од Кратово. Во текот на годината „Китка“ имаше повеќе од 30 хуманитарни и ревијални настапи низ Македонија, а настапуваше и на меѓународни турнеи.
Друштвото има околу 150 активни членови. Уметнички раководителки се Билјана Тасевски, професионална играорка и ороводец во ансамблот „Танец“, и Симона Петковска, која работи со најмалите почетници и со средната група.
Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, на концертот им се заблагодари на раководителките и на сите што низ годините придонеле за развојот на „Китка“. Таа го нарече друштвото едно од најзначајните обележја на Драчево и културен бренд на општината. Долгогодишната општинска поддршка ја оцени како вложување во зачувувањето на идентитетот и најави дека општината ќе продолжи да ги поддржува проектите и патувањата на друштвото.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.