Фотографија од настанот · АСУЦ Боро Петрушевски- Скопје
Учениците го одбележаа Денот на албанската азбука со презентација и квиз.
Презентацијата го опфати и значењето на Битолскиот конгрес од 1908 година.
Учениците во АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје вчера го одбележаа претстојниот Ден на албанската азбука, 22 Ноември, со едукативна презентација и квиз.
Презентацијата ја опфати историјата на албанската азбука, со осврт на значењето на Битолскиот конгрес од 1908 година. Со учениците беше обработено и значењето на денот посветен на азбуката.
Покрај презентацијата, беше организиран и квиз со прашања и одговори.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.