Изложбата содржи дваесетина слики во акрил на платно, во различни формати.
„Искон (прапочеток)“ може да се посети до 27 ноември.
Жената како суштински дел од природата, раѓањето на светот и митологијата на различни народи е темата на самостојната изложба „Искон (прапочеток)“ на Весна Ничевска, која беше отворена вчера во КСП Центар-Јадро во Скопје.
Ничевска ги претставува овие теми низ лична авторска призма, со метафорични видувања во дваесетина слики. Делата се изработени во акрил на платно, во различни формати.
Изложбата ќе биде отворена до 27 ноември. Посетителите можат да ја погледнат секој работен ден од 10:30 до 15:00 часот.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.