Најважно
Скопје 2°
Најважно
Локални вести
Редакција: Град СкопјеИспрати тема

Мени на Град Скопје

Редакција:Град СкопјеЛокални вести и информации
Испрати тема

Дарија чека дом во скопска „Лајка“

Фотографија објавена на јавниот профил на ЈП за благосостојба на животни скитници „Лајка“-Скопје
Фотографија објавена на јавниот профил на ЈП за благосостојба на животни скитници „Лајка“-Скопје

Скопското прифатилиште „Лајка“ бара дом за Дарија. Таа не е мало кученце ниту е од популарна раса, а е една од многуте женки во прифатилиштето што чекаат некој да ги избере.

Дарија има светлокафеаво крзно и темни уши, а од „Лајка“ велат дека погледот ѝ е нежен и помалку тажен. За неа посакуваат утрински прошетки со својот човек, топло креветче, галење пред спиење и некој на кого ќе му се израдува кога ќе се отвори вратата.

Кој сака да ја вдоми Дарија може да испрати порака преку страницата на „Лајка“. Од прифатилиштето ги повикуваат и оние што не можат да ја вдомат да го споделат апелот за да стигне до некој што може да ѝ понуди дом.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.