Извор на фотографијата: Јавна установа за деца – Детска градинка Буба Мара- Скопје
Во одбележувањето беа вклучени деца од две до четири години.
Целта беше поттикнување припадност, самодоверба, самопочит и емпатија кон сите деца.
Децата од воспитната група на возраст од две до четири години во објектот „Буба Мара“ на истоимената скопска градинка го одбележаа Светскиот ден на детето.
Целта на одбележувањето беше кај децата да се поттикне чувството на припадност кон семејството и кон групата деца. Меѓу воспитните цели беа и развивањето самодоверба и самопочит, како и љубов и емпатија кон сите деца.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.