Околу масите, децата и возрасните работеа на колажи и украси со есенски дрвја, лисја и овошје. Хартиените форми ги комбинираа со природни материјали, а меѓу украсите имаше и декорирана тиква.
Творењето беше придружено со игра и дружење. Од „Весели цветови“ ја опишаа активноста како исполнета со детски насмевки и оценија дека заедничката работа ја поттикнала детската фантазија. Готовите есенски изработки беа изложени во просторијата.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.