Активноста „Здрави насмевки – од мали нозе“ беше посветена на оралното здравје, односно здравјето на устата и забите. Со интерактивен пристап приспособен за децата, беа обработени правилната хигиена на забите и важноста од создавање здрави навики уште од најрана возраст.
Во едукацијата се вклучи стручниот тим на Центарот за истражување при Факултетот за дентална медицина при МИТ Универзитетот. Активноста е дел од веќе воспоставената соработка со ЈДГОА „Срничка“ – Скопје, за која е потпишан Меморандум за соработка.
Воспитувачка на групата е Снежана Тодоровска, а негователка е Вера Димовкса.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.