Фотографија од настанот · Јавна установа за деца – Детска градинка Буба Мара- Скопје
Децата од две до четири години класифицираа есенски листови.
Целта беше воочување и разликување на предметите според големината.
Децата од воспитната група на возраст од две до четири години во објектот „Сонце“ на скопската градинка „Буба Мара“ класифицираа есенски листови на големи, средни и мали.
Активноста „Есенски листови“ се темелеше на непосредно истражување и ракување со лисја и други природни материјали. Целта беше децата да се оспособуваат да ги воочуваат разликите во големината на предметите, да ги разликуваат и да ги групираат според таа особина.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.