Објектот подолг период бил надвор од функција поради оштетувања од пожар. По реконструкцијата се обезбедени значително подобри услови за работа на припадниците на единицата.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја посетил единицата и се запознал со специјализираната обука на припадниците на униформираната полиција за справување со нарушувања на јавниот ред и мир од поголем обем.
Во тек е и набавка на нова опрема за јавен ред и мир, наменета за специјалните полициски единици.
Тошковски изјавил дека стапката на криминалитет е најниска во последните 20 години, а ефикасноста во откривањето кривични дела и сторители достигнала 70,3 проценти. Тој ги посочил резултатите како мотив за натамошна модернизација на полицијата и рекол дека вложувањата во неа се вложувања во безбедноста на граѓаните.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.