Постерите беа дел од училишната програма за превенција од злоупотреба на алкохол, дроги и други психотропни супстанции. Учениците разговараа за тоа како алкохолот, тутунот и дрогите им штетат на здравјето и животот на младите, а ги споделија и своите ставови за здравите животни навики.
Училиштето оцени дека активностите им помогнале на учениците подобро да ги согледаат ризиците и да носат одлуки со кои го чуваат своето здравје. За активностите беа задолжени Веска Гулабовска-Макридис, Јасна Јанковска, Сунчица Рафаиловска и Венка Миноска, како одговорен наставник и членови на комисијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.