Трудот го нагласува значењето на учењето преку искуство, истражувачкиот пристап и активното учество на учениците во наставата. Воедно, го истакнува континуираниот професионален развој на наставниците како важен за современа, квалитетна и применлива настава.
Од ООУ „Лазо Ангеловски“ го поврзуваат овој придонес со потребата наставниците постојано да учат, да истражуваат и да споделуваат искуства, но и да бидат подготвени за примена на нови педагошки пристапи.
Трудот е насловен „Искуственото учење во природно-научното образование: од професионален развој на наставникот до примена во училницата“. Објавен е во зборникот од Меѓународниот научен собир „Современи трендови во наставата, учењето и образовните иновации“, одржан на 12 септември 2026 година во Скопје. Издавач на зборникот е Институтот за применети истражувања за бизнис.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.