Мицкоски рече дека согласноста ќе биде дадена во најскоро време. Тој изјави дека во Шуто Оризари повеќе нема да има листа на чекање и дека капацитетот на градинката ќе биде целосно исполнет.
Како цел на Владата, Мицкоски ја посочи елиминацијата на листите на чекање во сите општини до крајот на мандатот. Според него, на почетокот на мандатот на Владата имало 4.500 деца на листите, а целта може да се оствари и порано. Реализацијата, додаде, зависи од динамиката на изградба на објектите.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.