Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денеска зеде 38 примероци од градската водоводна мрежа. Еден од нив е од бунарскиот потег Лепенец.
На сите денеска земени примероци ќе им бидат направени физичко-хемиски и микробиолошки анализи во лабораториите на Секторот, акредитирани според „ISO“ 17025:2018. Испитувањата ќе се спроведат според основниот преглед-А од Прилог 4 на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, број 183/2018.
Мониторингот се спроведува според Прилог 2, Дел Б од истиот правилник. Примероците се земени според методата МКС „ISO“ 5667-5, која го уредува земањето вода за пиење од пречистителни станици и водоводни дистрибутивни системи.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.