Најважно
Скопје 2°
Најважно
Локални вести
Редакција: Град СкопјеИспрати тема

Мени на Град Скопје

Редакција:Град СкопјеЛокални вести и информации
Испрати тема

Шест операции на повредени од Кочани извршени во Скопје

Извор на фотографијата: Министерство за здравство
Извор на фотографијата: Министерство за здравство
  • Вкупно биле извршени 16 операции и 24 специјалистички прегледи на повредени во Кочани.

На Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје биле извршени шест од вкупно 16 операции на повредени во Кочани, меѓу нив и петте најсложени.

Операциите ги извршиле хирурзи од медицинскиот центар „Шеба“ од Тел Авив и македонски тимови. Вкупно биле направени и 24 специјалистички прегледи на повредени во Кочани.

Фокусот на израелските хирурзи бил на шаките и рацете, со интервенции за подобрување на нивната функција. Операциите опфатиле отстранување и корекција на лузни, ослободување контрактури, „Z“-пластика и кожни трансплантати со полна дебелина.

Другите десет операции биле извршени во Општата болница Кочани. Следењето на пациентите продолжува на Клиниката, а пациентите оперирани во Кочани ќе ги продолжат контролите блиску до дома.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.