Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Во одделни подрачја ветерот повремено ќе надминува 80 км/ч.
Во Скопје се очекува умерен до засилен јужен ветер.
Чаир апелира да се обезбедат предметите што ветерот може да ги помести.
Силен јужен ветер, кој во одделни подрачја повремено ќе достигнува брзина над 80 км/ч, се очекува денеска, соопшти Општина Чаир, повикувајќи се на предупредување од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Општината ги повика граѓаните на зголемена претпазливост.
Во Скопје се очекува умерен до засилен јужен ветер, а температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината.
Општина Чаир апелира граѓаните да ги обезбедат објектите и предметите што може да бидат поместени од ветерот. Воедно, ги повикува да избегнуваат престој во близина на дрвја, столбови и небезбедни објекти.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.