Фотографија од настанот · Основно училиште Григор Прличев- Скопје
Второодделенците разговараа со училишниот психолог за препознавање на чувствата.
Тема беше и како да си помогнат себеси и на другите.
Учениците од вторите одделенија во основното училиште „Григор Прличев“ во Скопје разговараа со училишниот психолог за тоа по што можат да препознаат како се чувствува некој.
Разговорот го опфати и прашањето што да направат кога не се сигурни како се чувствува другиот. Со психологот зборуваа и за тоа како да му помогнат на друг човек, но и себеси, да се чувствуваат подобро.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.