Фотографија објавена на јавниот профил на Општина Карпош
Дополнително ќе бидат обновени пешачките премини пред десет објекти на четирите јавни детски градинки.
Работите пред училиштата опфаќаат пребојадисување на пешачките премини и уличните училишни ознаки.
Целта е да се подобри безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Општина Карпош започна со обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација пред сите десет основни училишта. Дополнително ќе бидат обновени пешачките премини пред десет објекти на четирите јавни детски градинки.
Работите пред училиштата опфаќаат пребојадисување на пешачките премини и уличните училишни ознаки. Активноста е дел од годишната програма на Секторот за комунални работи.
Целта е да се подобри безбедноста на учесниците во сообраќајот. Обновувањето треба да ја зголеми видливоста на пешачките премини, што, според општината, ќе придонесе за поголема безбедност на пешаците и возачите.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.