Од „Лајка“ раскажуваат дека ако седнете до Нено, големи се шансите набргу да ви ја спушти главата во скут. Го опишуваат како мило кученце кое сака да се гали и сметаат дека би му одговарал живот во стан, каде што по прошетката ќе може да легне покрај своите луѓе.
Заинтересираните можат да ѝ пишат на „Лајка“ преку нејзината страница на Фејсбук за да го запознаат Нено. И оние што не можат да го вдомат можат да помогнат со споделување на повикот.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.