„Лајка“ им го претстави планот на ветеринари кои ги претставуваа скопските амбуланти. На средбата беа претставени и практични примери од други градови каде што нивни колеги веќе работат на овој начин. Од претпријатието ја поздравија подготвеноста на присутните за соработка и оценија дека ветеринарите имаат важна улога во градењето ефикасен, хуман и одржлив систем за управување со популацијата на бездомни кучиња.
Ветеринарите и „Лајка“ разговараа и за потребата да се измени делот од важечката годишна наредба што ја уредува контролата на лајшманиозата. Разгледуваа како да се најдат решенија засновани на ветеринарната наука и современата ветеринарна практика.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.