Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Мајката пријавила напад врз својата малолетна ќерка во дом на Бит Пазар.
Според пријавата, чичкото при нападот употребил и тврд предмет.
Триесет и тригодишна жена пријавила во полиција дека нејзината малолетна ќерка била физички нападната од својот чичко во дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.
Пријавата била поднесена вчера во 21:45 часот во СВР Скопје. Според пријавата, чичкото М.Ф. при нападот употребил и тврд предмет.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.