Фотографија од настанот · Градинка Корчагин — Центар
Во лекцијата учествуваа деца на возраст од четири до шест години.
Децата прелеваа течност во тегли и боеја стрип-илустрации.
Децата на возраст од четири до шест години во објектот „Пролет“ на градинката „Корчагин“ во општина Центар учеа за собирање и рециклирање отпадно масло за јадење. Првата лекција на оваа тема вклучи и прелевање течност од пластично шише во стаклени тегли.
Целта беше децата уште од најмала возраст да научат дека употребеното масло за јадење од домаќинствата треба да се собира и рециклира, а не да се истура насекаде.
Покрај активноста со теглите, децата боеја листови со стрип-илустрации. Печатените материјали со цртани ликови ја носеа темата за собирање и рециклирање отпадно масло за јадење.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.