Во истиот период, еко-патролата на претпријатието состави 20 записници за граѓани и правни лица затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота. Од нив, 14 беа врачени во Чаир.
Одделно од расчистувањето на дивите депонии, екипите собраа и одвезоа 3.500 тони комунален отпад од домаќинствата и правните лица во Скопје.
Скопските булевари и улици екипите ги мијат со автоцистерни доцна навечер. Секој ден, во три смени, ги мијат и метат плоштадите и пешачките мостови во центарот на градот, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, како и Старата скопска чаршија.
Изминатиот викенд екипите учествуваа и во чистењето на подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“ под стоковната куќа „Мост“. Акцијата ја координираше Град Скопје.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.