Фотографија од настанот · Страшо Пинџур — Ѓорче Петров
Временската капсула содржи детски желби, соништа и пораки за иднината.
На часот по англиски учествуваа ученици од три петти одделенија.
Ученици од училиштето „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров денес изработија заедничка временска капсула со желби, соништа и пораки за иднината. Со оваа активност го одбележаа 20 Ноември, Светскиот ден на детето, посветен на детските права, соништа и имагинацијата.
Капсулата ја изработија учениците од V-а, V-б и V-в одделение на часот по англиски јазик. Пораките на ливчиња ги зачуваа во украсена стаклена тегла со натпис „TIME CAPSULE JAR“.
Идејата е капсулата повторно да ја отворат во иднина и да видат колку од запишаните соништа станале реалност. Од училиштето велат дека со нетрпение го очекуваат тој ден.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.