На средбата, според Лукровски, разговарале за состојбите во локалната заедница и за состојбата на верските објекти на територијата на Општина Карпош. Теми биле и значењето на духовноста, вербата и меѓусебната почит.
Во објавата Лукровски навел дека разговарале и за почитувањето на различностите, духовните убедувања и достоинството на секој човек како темели за мирен и хармоничен соживот, како и за улогата на заедништвото и дијалогот.
По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, Стефан упатил честитки до раководството и граѓаните, со желби за понатамошен развој, благосостојба и заедништво, наведува градоначалникот.
Лукровски изјавил дека останува посветен на градење заедница заснована на почит, дијалог, духовност и заеднички човечки вредности.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.