Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Петмина од уапсените се од Скопје, а еден е од Неготино.
МВР најави поднесоци по целосното документирање на случаите.
Полицајци од СВР Скопје ноќеска уапсиле шест лица на различни места во Скопје. Според МВР, полицајците кај нив пронашле и одзеле марихуана, портокалова прашкаста материја и течност.
Петмина од уапсените се од Скопје: А.А. (29), О.Д. (18), Е.Д. (37), В.М. (38) и М.Г. (26). Шестиот е П.З. (19) од Неготино.
МВР најави дека откако полицијата целосно ќе ги документира случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.