Фотографија објавена на јавниот профил на Министерство за внатрешни работи
Полицијата вели дека дел од одземените велосипеди се вратени на сопствениците.
ЕВР Аеродром и Драчево ќе поднесат пријава по документирањето на случаите.
Полициски службеници во Гази Баба лишиле од слобода 32-годишен скопјанец осомничен за повеќе тешки кражби на велосипеди. Од него биле одземени 12 велосипеди, а дел од нив се вратени на сопствениците, соопшти МВР.
Станува збор за Ѓ.П. од Скопје. Според МВР, тој се сомничи дека кражбите ги извршил на подрачјата на општините Аеродром, Центар и Кисела Вода.
ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје ќе поднесат кривична пријава против него по целосно документирање на случаите.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.