Необичниот повик на овој кит е забележан во океанот. Познат е како „најосамениот кит на светот“, а неговата приказна стана симбол за осаменоста и различностите. Покрај разговорот, децата ја обработуваа темата преку игра и креативни активности. Во училницата заедно покажаа мали хартиени слики на китови.
Работилницата беше дел од Програмата за заштита на ученици со и без попреченост од насилство, злоупотреба и запуштање. Пораката на училиштето беше дека секој глас заслужува да биде слушнат, а за другарчето што останало само понекогаш многу значи едноставна покана: „Дојди со нас!“







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.