Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Приведениот се сомничи дека го опожарил автомобилот на мајка му.
Според МВР, се заканувал дека ќе го запали и заедничкиот стан.
По документирањето на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.
Дваесет и осумгодишен скопјанец вчера бил лишен од слобода поради сомнение дека го запалил автомобилот на својата мајка во Чаир. Според МВР, тој се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат.
А.Ф. (28) се сомничи дека околу 05:50 часот опожарил „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата мајка.
Полициски службеници од СВР Скопје го привеле во 06:30 часот на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје. Тој е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.