Низ разговор, цртање и боење, учениците се запознаа со своите основни права. На гранките на нацртаното дрво беа поставени обоени картички со илустрации и натписи, меѓу кои и правата на сопствено мислење, заштита од насилство и чиста околина.
Во работилницата се разговараше и за важноста на љубовта, почитта, другарството, еднаквоста и меѓусебното разбирање. Училиштето ја поврза активноста со пораката дека секое дете е посебно и вредно и заслужува среќно детство во безбедна средина.
Одделенски наставнички на I-б се Ангелина Кралевска и Маја Глигоровска.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.