Извор на фотографијата: Министерство за социјална политика, демографија и млади
Објектот „Ѕвездички“ во Потстаница, Драчево, беше пуштен во употреба на 3 ноември како дел од ЈОУДГ „8 Март“.
Капацитетот е 40 деца, со можност за дополнително зголемување.
Во Расадник наскоро се очекува отворање градинка за повеќе од 100 деца.
Објектот „Ѕвездички“ во Потстаница, населбата Драчево во Општина Кисела Вода, на 3 ноември беше пуштен во употреба како дел од ЈОУДГ „8 Март“. Има капацитет за згрижување 40 деца, со можност тој дополнително да се зголеми.
Објектот, кој претходно бил во руинирана состојба, е целосно реконструиран и адаптиран за потребите на градинката. Реконструкцијата и пренамената се реализирани со средства од Буџетот на Општина Кисела Вода.
Опремувањето го обезбедило Министерството за социјална политика, демографија и млади преку Светска банка.
Во населбата Расадник во наредниот краток период се очекува да биде отворена нова градинка, со капацитет за повеќе од 100 деца.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.