Бајкова им покажа како се прави смесата, а учениците следеа и разговараа за состојките, начинот на мешање и како да препознаат кога смесата е подготвена. Потоа се вклучија во секој чекор од подготовката.
При украсувањето, секој ученик имаше можност да ги украси палачинките и вафлите на свој начин. Работата заврши со заедничко миење на садовите.
Од училиштето оценуваат дека учениците стекнале практично знаење што можат да го применат и во сопствената кујна. Нивните насмевки на заминување ги опишуваат како знак на задоволство од она што го направиле со свои раце.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.