Фотографија од настанот · СУГС Гимназија Јосип Броз -Тито- Скопје
Ученици од две скопски гимназии ја истражуваа Хомеровата „Одисеја“.
Тричасовната работилница ја водеше театарската едукаторка Атина Арсени.
Ученици од гимназиите „Јосип Броз Тито“ и „Раде Јовчевски - Корчагин“ вчера во Скопје го истражуваа светот на Хомеровата „Одисеја“ преку уметнички активности. Домаќин на интерактивната работилница „Нашата Одисеја - Образовно патување“ беше гимназијата „Јосип Броз Тито“.
Во текот на тричасовната работилница, учениците работеа преку театар, движење, визуелни уметности, фотографија и креативно пишување. Низ активностите ги водеше театарската едукаторка Атина Арсени.
Работилницата ја организираше Грчката амбасада, а одговорни професорки беа Гордиана Ѓоргова и Ангелина Дамјаноска-Наумоска.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.