Средношколците работеа во тимови, разговараа за темата и правеа практични вежби. Работилницата „Од отпад до акција за почиста иднина“ ја организираше Центарот за климатски промени.
Од гимназијата „Панче Арсовски“ ги пофалија учениците за ентузијазмот, креативноста и свеста за заштита на животната средина. Одговорни наставници беа Маријана Драгановска и Коле Павлов.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.