Фотографија од настанот · ООУ Блаже Конески — Аеродром
Учениците од „III-5“ настапија заедно со деца со атипичен развој.
Во изведбата учествуваа и фестивалскиот хор, Денис - Космонаутко и Мијата.
Учениците од „III-5“ одделение од ООУ „Блаже Конески“ во општина Аеродром настапија со песната „Гуш и бац“ заедно со деца со атипичен развој на годинешното издание на детскиот фестивал „Златно славејче“.
Сцената со нив ја делеа и децата од фестивалскиот хор, Денис – Космонаутко и Мијата. Според училиштето, со насмевките, емпатијата и другарството што ги покажаа на сцената, учениците испратија порака дека во настапот има место за секое дете.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.