Повод за проектот се потребите на родителите чии деца живеат во странство или поради секојдневните обврски не можат да бидат покрај нив. Помошта што ја замислиле учениците опфаќа превоз до лекар, подигање лекови, набавка на намирници и помош со онлајн документи.
Моделот предвидува корисниците да ги посетуваат проверени лица, кои би им помагале и би им правеле друштво со цел да се намали чувството на осаменост. Дигиталниот извештај по посетата би им овозможил на семејствата да бидат информирани за поддршката што ја добиваат нивните блиски.
Во доставата на лекови и намирници проектот вклучува и други средношколци. Името „Kizuna“ на јапонски означува длабока и нераскинлива врска меѓу луѓето.
Со оваа идеја скопскиот тим се натпреварува во квизот „Средношколец милионер“ за главната награда од еден милион денари. Во конкуренција се стотици тимови, а за исходот решава поддршката од јавноста.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.