Фотографија објавена на јавниот профил на ООУ Наум Охридски — Булачани — Гази Баба
Екипата од Булачани ја предводеше менторката Јована Димовска.
На квизот учествуваа четири основни училишта од Гази Баба и Кисела Вода.
Екипата на ООУ „Наум Охридски“ од Булачани, општина Гази Баба, вчера избори пласман во вториот круг на „Ученичка квизотека“, на која се натпреваруваа четири основни училишта.
За „Наум Охридски“ настапија Димитар Атанасовски, Анастасија Ничевска и Јана Трајковска. Екипата ја предводеше нивната менторка, м-р Јована Димовска.
На квизот учествуваа и ученици од „Стив Наумов“ од општина Гази Баба и од училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Панајот Гиновски“ од општина Кисела Вода.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.