Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Четириесетгодишен скопјанец е лишен од слобода во Аеродром.
Според пријавата, тој и жена физички нападнале вработена во продажен објект.
Четириесетгодишниот С.С. од Скопје вчера беше лишен од слобода во општина Аеродром по пријава дека одзел предмети од продажен објект, а потоа заедно со жена физички ја нападнал вработената.
Според пријавеното во МВР, вработената го забележала С.С. како одзема предмети. Потоа тој и женското лице физички ја нападнале.
Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода околу 14:30 часот. По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.