На овој датум е усвоена Конвенцијата за правата на детето. Од училиштето потсетија дека секое дете заслужува љубов, заштита, квалитетно образование и безгрижно детство и повикаа возрасните секојдневно да ги слушаат и поддржуваат децата.
Со цртежи учениците покажаа како си замислуваат свет во кој се почитуваат детските права. На рачно изработен постер нацртаа фигури што се држат за раце околу Земјата, а со илустрации ги објаснија правата на образование, здравје, дом и игра.
На правото на игра и здрав развој му беа посветени и натпреварите меѓу паралелките од осмо одделение. Осмоодделенците се натпреваруваа во кошарка, фудбал и шах, со акцент на фер играта, другарството и тимската работа.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.