Учениците влегоа и во контролната кула, од каде што се следи и координира воздушниот сообраќај. Според училиштето, токму кулата им оставила посебен впечаток. Се запознаа и со работата на медицинската служба за брза интервенција и на пожарникарите, како и со задачите на вработените на шалтерите и во царинската служба.
Еднодневната екскурзија во ТАВ Македонија и М-НАВ АД Скопје ја организираа Здружението за подобро воздухопловство „Авикон“ од Скопје и Народна техника – Скопје. За училиштето, ваквата посета е можност учениците надвор од училницата да ги прошират знаењата и да откријат кои професии во воздухопловството ги интересираат.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.