Изработките произлегоа од активности на Ученичкиот парламент и Детската организација, преку кои учениците се потсетија на своите права и обврски. Работеа и на подигнување на свеста за предизвиците со кои се соочуваат децата низ светот, а изложените трудови беа наменети како потсетник за сите во училиштето.
Светскиот ден на детето, кој се одбележа вчера, е врзан со годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето. Посветен е на промоција на детските права, безбеден живот и заштита, како и на развојот, благосостојбата и активното учество на децата.
Координаторки на Детската организација во училиштето се Елизабета Каранфилова за одделенска настава и Бојана Митевска за предметна настава.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.