Фотографија од настанот · Основно училиште Димитар Македонски-Скопје
Екипата на „Димитар Македонски“ освои прво место во кадетската категорија.
Победата им обезбеди на учениците пласман на регионалниот натпревар.
Екипата на ООУ „Димитар Македонски“ од Скопје вчера го освои првото место во категоријата кадети на општинскиот противпожарен квиз во Аеродром. Со победата учениците обезбедија пласман на регионалниот натпревар.
Победничкиот тим го сочинуваа Јана Павловска од IX-в одделение и Стефан Нешевски и Исидора Пандиловска од VIII-б одделение. Нивна менторка беше Биљана Тримческа.
Натпреварот се одржа во ООУ „Љубен Лапе“, во организација на Противпожарниот сојуз на Град Скопје – Општина Аеродром.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.