Фотографија објавена на јавниот профил на Св. Кирил и Методиј — Центар
Учениците гласаа за претставник што ќе ги застапува нивните права и интереси.
Активноста има цел да поттикне учество, одговорност и почитување на детските права.
Учениците во училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во општина Центар денес гласаа за училишен правобранител, свој претставник кој ќе ги застапува нивните права, ставови и интереси.
Гласањето се одвиваше со ливчиња што учениците ги ставаа во гласачка кутија. Така го искористија своето право на глас во изборот на ученичкиот претставник.
Целта на активноста е да се поттикнат активно учество и одговорност кај учениците, како и почитување на детските права.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.