Работилницата се одржа на 19 ноември на тема „Комуникација и функционирање на ученичкиот парламент“. Членовите се запознаа и со тоа како се подготвува дневен ред за состанок, како се води записник и како редовно да следат што е направено од договореното.
Работилницата ја водеше Александра Петровска, ангажирана за проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Присуствуваа и Љупка Миленковиќ, координаторка на училишниот проектен тим, и Наталија Наумовска-Велковска, училиштен психолог и членка на тимот. Училиштето ги вбројува ученичкото учество, демократскиот дијалог и развивањето вештини за соработка меѓу своите приоритети, заедно со градењето безбедна училишна средина.
Проектот трае од септември 2026 до август 2029 година. Го спроведува Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации. Донатор е Детската фондација Песталоци, а во проектот соработува и Министерството за образование и наука.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.