Фотографија од настанот · ООУ Кирил и Методиј – Гази Баба
Соработката е насочена кон заедничко учење преку практични активности.
Гостите од „Гоце Делчев“ учествуваа во одбележувањето на Месецот на книгата.
ООУ „Кирил и Методиј“ од Гази Баба и ООУ „Гоце Делчев“ од општината Аеродром денес склучија Меморандум за соработка за поврзување на учениците и наставните тимови преку заедничко учење и практични активности. Партнерството е дел од активностите за Меѓуетничка интеграција во образованието (МИО).
Целта е учениците и наставниците од двете училишта меѓусебно да се запознаваат и да развиваат почит и соработка. Училишните тимови ќе работат на заеднички содржини, со намера да придонесат за позитивни промени во училишниот живот.
При посетата, гостите од ООУ „Гоце Делчев“ беа дел и од настанот што домаќините го организираа по повод Месецот на книгата.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.