Училиштата ги утврдија првите чекори за функционирање на одговорните тимови.
Директорите разгледуваа практични случаи и процедури за нивно следење до разрешување.
Обуката ја опфати соработката меѓу училиштата, родителите и надлежните институции.
Основните училишта во Општина Чаир ги утврдија првите чекори за функционирање на тимовите одговорни за постапување при насилство. Чекорите беа утврдени на крајот од обуката за директорите, посветена на безбедноста на учениците и соодветното постапување во случаи на училишно насилство.
Директорите разгледуваа практични случаи на насилство и процедури за нивно следење до разрешување. Дел од обуката беше и соработката меѓу училиштата, родителите и надлежните институции во превенцијата и справувањето со насилството.
Обуката ја организираше Општина Чаир во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Таа се одржа како дел од програмата „Рехабилитација за отпорност: Патот напред“, со поддршка на „GCERF“.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.