Фотографија објавена на јавниот профил на ЈП за благосостојба на животни скитници „Лајка“-Скопје
На двете им треба време за да се почувствуваат сигурно покрај луѓе што не ги познаваат.
За првата средба, од „Лајка“ советуваат човек да седне до нив и да почека самите да му пријдат.
Оние што сакаат да ги запознаат можат да ѝ пишат на „Лајка“.
Скопското јавно претпријатие „Лајка“ бара дом за Мишел и Вера, две плашливи кученца заловени во општина Кисела Вода. На двете им треба време за да се почувствуваат сигурно покрај луѓе што не ги познаваат.
За првата средба, од „Лајка“ советуваат човек да седне до нив и да почека самите да му пријдат. Во претпријатието веруваат дека со нежност, трпение и мирно секојдневие Мишел и Вера ќе се опуштат и ќе почнат да уживаат во друштво на луѓе.
Оние што сакаат да ги запознаат можат да ѝ пишат на „Лајка“. Претпријатието ги повикува и оние што познаваат некого со трпение за плашливи кучиња да го споделат повикот.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.