На 13 ноември 1944 година, по борбите на единиците на Народноослободителната војска, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Од ЗНАМ го оценија датумот како симбол на храброста, пожртвуваноста и стремежот на граѓаните за слобода.
Делегацијата им оддаде почит и на сите учесници во Народноослободителната борба. Од партијата нагласија дека нивните жртви се вградени во темелите на слободно Скопје и современата македонска државност.
На одбележувањето присуствуваа потпретседателот на ЗНАМ, Павле Арсоски, претседателот на Централниот одбор, Игор Филков, и претседателот на Градската организација, Мирослав Лабудовиќ.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.